Home / Спорт / Фудбалерите на Пелистер утре патуваат за Полска

Фудбалерите на Пелистер утре патуваат за Полска

Фудбалерите на Пелистер  утре, на 27 јуни, рано  утрината, со авион од Скопје, преку Љубљана и Варшава, патуваат за Познањ, Полска, каде во рамките на првото квалификациско коло од Лигата на Европа, по 16 години пауза повторно ќе излезат на меѓународната фубдалска сцена.

По успешните подготовки во Банско, “пелистерци “ во Полска патуваат со оптимизам дека можат да се изборат за поволен резултат.

Тренерот Наџи Шенсои за натпреварот со Лех Познањ може да смета на сите фудбалери со кои располага тимот. Единствен проблем е настинката на Мартин Ковачев, кој клупскиот  лекар на Пелистер очекува да се опорави до натпреварот, како и бразилецот Силва, кој има повреда на аркадата.

Во Познањ Пелистер ќе има можност да реализира три тренинзи  на стадионот Инеа, за кој сите фудбалски стручњаци тврдат дека е еден од најмодерните во Полска,

Како поддршка на фудбалерите на Пелистер во Послка патува и еден автобус навивачи на Пелистер, популарните “ чкембари”.

-Екипата на Лех Познањ е една од најквалитениет во Полска. Таа се наоѓа во извонредна форма, а најдобра потврда за тоа е што нашиот противник во рамките на подготовките за средбата со нас имаа пријателски натпревар со шампионот на Израел, кој го совлада со резултат од 3:0. Инаку Лех Познањ е мошне квалитетна екипа, која има големо меѓународно искуство. Но и покрај тоа ние не се предаваме и ќе настојуваме достојно да им се сротиставиме на Полјаците, вели тренерот на Пелистер, Наџи Шенсои.

Инаку натреварот со Лех Познањ се игра в четврток, на 29 јуни со почеток во 20.45 минути.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!