Home / Спорт / Фузијата со РК Пелистер и натаму енигма

Фузијата со РК Пелистер и натаму енигма

Фузијата на Еурофарм Работник и РК Пелистер и натаму е енигма.

Иако претседателот на Советот, Валентин Груевски минатата недела најави седница на Советот на која ќе се расправа за Платформата, сепак седница не се одржа.

Додека екипата на Еурофарм Работник игра нон стоп на меѓународната ракометна сцена РК Пелистер ги бележи најслабите резултати во Супер лигата и губи натпревари дури и на својот паркет.

Зошто иако првенството влегува во својата завршница од фузијата нема ништо никој не кажува од локалните власти.

Сепак од добро информирани извори засега најголем спор има околу долговите на Пелистер во 2017 година, кои Еурофарм Работник не сака да ги преземи и договорот на екс тренерот Касим Каменица.

Како и да е. РК Пелистер не заслужи ваков однос и поигрување со неговата долга и успешна историја и традиција.

Повеке од јасно е дека локалната власт и Еурофарм Работник без јасна концепција и изградена стратегија влегоа во (купо)продажбата на клубот и дека таквата политика засега скапо го чини Пелистер, кој буквално остана ни набо ни на земја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!