Home / Култура / Галијано ја фасцинираше битолската публика

Галијано ја фасцинираше битолската публика

Големата сала на Центарот за култура во Битола, беше претесна за сите оние кои сакаа да го видат и чујат францускиот виртуоз на хармоника Ричард Галијано кој вчеравечер го отвори шестиот по ред „Фестивал на музика од светот”.

DSC_9998

Во Големата сала на Центарот за култура, која беше полна до последно место, присутните уживаа во музиката на францускиот виртуоз на хармоника и светски познатиот „Тангарија Квартет”.

Во текот на целиот концерт битолчани и гостите од страна ракоплескаа и ги поздравуваа мајсторите на сцена извикувајќи „Браво”.

На крајот ги вратија на бис, кометирајќи дека ова беше навистина прекрасно музичко патување.

DSC_9989

Фестивалот продолжува со настапот на група „Фолтин”, вечерва во Центарот за култура и настапот на диџејот Али Дојран од Истанбул, во Хаус Бар на Широк Сокак.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*