.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / ГДОМ: Избори на петти јуни за да се стави крај на политичката криза

ГДОМ: Избори на петти јуни за да се стави крај на политичката криза

Во текот на изминатата недела во Битола, мирни масовни собири организираше Граѓанското движење за одбрана на Македонија, ГДОМ, од каде во повеќе наврати се упати пораката дека единствено со одржувањето на распишаните предвремени парламентарни избори на петти јуни, ќе се стави крај на политич-ката криза во државата, и дека граѓаните единствено преку изборите на петти јуни ќе му дадат полн легитимитет на политичката партија што ќе победи на изборите, при што ќе се нормализираат состојбите во сите области од општественото живеење.

-Избори на 5 јуни, да се стави крај на кризата и да престанат вандализирањата на државните институции и спомен-обележјата во Република Македонија кои се симбол на државноста- побараа учесниците на мирните народни собири во Битола, организирани од Граѓанското движење за одбрана на Македонија ГДОМ каде поддршка изразија неколку илјади битолчани.

9     11

Народните собири на ГДОМ се одвиваа од Офицерскиот дом по Широк сокак до плоштадот “Магнолија“, пред Споменикот на Филип Втори.

Активистот на ГДОМ Драган Романски нагласи дека за надминување на политичката криза во државата, единствено решение се демократски избори.

-Наближува 5 јуни, денот кога Македонците ќе се сплотат како што тоа секогаш го прават кога е во прашање нивното највисоко граѓанско право, правото на избор. Политичката криза единствено ќе се реши со избори, и ние граѓаните го сакаме тоа – порача Романски. Според Граѓанското движење за одбрана на Македонија, со одржувањето на распишаните предвремени парламентарни избори ќе се надмине политичката криза во државата што ќе предизвика нормализирање на состојбите во сите области.

-Со овие граѓански мирни собири сакаме да им дадеме поддршка на сите Македонци кои сакаат да си ја задржат Македонија, што сакаат да го задржат идентитетот. Секогаш сме биле за тоа, а не за украински сценарија. Нема да си дозволиме да се тепаме Македонци со Македонци- децидни се граѓаните, поддржувачи на Граѓанското движење за одбрана на Македонија ГДОМ.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*