Home / Uncategorized / Германската амбасадорка во посета на Битола

Германската амбасадорка во посета на Битола

Денеска, во прва официјална посета на Битола, беше новата амбасадорка на Германија во Република Македонија, Кристине Алтхаузер.

Амбасадорката оствари средба со градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески.

DSC_0022

На средбата стана збор за соработката помеѓу Германија и Битола, притоа посебно беше нагласено дека Германија преку компанијата “Кромберг и Шуберт“ е најголем инвеститор од Германија во Битола и дека во наредниот период можат да се очекуваат и други германски инвеститори да инвестираат во индустриската зона „Жабени“.

Германската амбасадорка ќе присуствува на отворањето на “Недела на германски филмови“ што се оджува во Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*