Home / Uncategorized / Глувци ја предизвикале заразата на таткото и синот

Глувци ја предизвикале заразата на таткото и синот

Од Институтот за јавно здравство, во соработка со Комисијата за преносливи болести во рамките на Министерството за здравство, велат дека врз база на микро биолошките анализи, постои сомнеж дека станува збор за хеморагична треска Хантаан која ја предизвикала смртта на таткото и синот, од гостиварското село, Симница.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мехмети, вели дека претходните направени анализи за хеморагична треска „Криме Конго“, биле негативни, при што сега се очекува од обдукцијата да пристигнат резултатите од телото на починатиот 50 годишник.

Мехмети вели дека постои максимална можност резултатите да бидат позитивни на хеморагична треска „Хантаан“, која не се пренесува од човек на човек, туку преку урината и плунката на глувците.

Од министерството за здравство се очекува да излезат со официјални резултати во текот на денот, бидејќи очекуваат да ги споредат и со резултатите од релевантниот центар од Берлинскиот Институт “Robert Koch”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*