Home / Вести / Годината во Битола ќе биде плодна и берикетна

Годината во Битола ќе биде плодна и берикетна

 Годината во Битола ќе биде плодна и берикетна

               

          Ако денот по утрото се познава 2023 година  ќе биде плодна и успешна.

          Таквите прогнози се поради тоа што првото новороденче во Битола е женско. Точно во 1,42 часот по полнок во Клиничката болница во Битола на свет дојде малото женско бебе, Христина.

Мајка на Христина е Сара Поп Атанасова   на која Христина и е прво дете.

Нешто пред полниќ во Клиничката болница  на свет дојдоа уште две  бебиња, машко и женско.

            -Сите мајки  се прворотки. Првото бебе во Битола е Христина .Пред полнок беа родени уште две деца, машко и женско кои заради итноста мораше мајките да бидат побрзо породени. Пред полнок се породија Виолета Нацковска Митровска, која на свет донесе машко дете и Риние Мемедовска која роди девојче

          Две бебиња првиот ден по Новата година се родија и во приватната болница Плодност. 

Само една минута по полнок, во Плодност на свет дојде женско новороденче, Бојана, тешко 3.360 грама, со должина 50 сантиметри.

Покрај првороденото бебе во 00.01 цасот, и во  05.01 часот се роди и Александар, со  тежина 2.730 грама и должина 48 сантиметри.

На сите новороденчиња градоначалникот на Битола, Тони Коњановски им подели пакетчиња со  бебешки производи, подарок на Еурофарм и вредносни ваучери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*