.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Голем пожар го зафати Потпелистерието

Голем пожар го зафати Потпелистерието

  • Голем пожар попладнево го зафати Потпелситерието, лоциран во атаротна селото Ротино. Екипите на Територијалната противпожарна единица од Битола веднаш се упатија на терен, но поради засилениот ветер, пожарот бргу се прошируваше и претставуваше опасност да ја зафати Mоликовата шума.Имајќи ги во предвид околностите дека се работи за тешко пристапен терен ипокрај ангажираноста на противпожарните служби, јавните претпријатија на локално и државно ниво, надлежните служби за заштита, спасување и ЦУК, локализирањето и гаснењето на пожарот е исклучително тешко. Кризниот штаб за заштита и спасување при Општина Битола одржа состанок под раководство на градоначалничката Наташа Петровска и донесе едногласен заклучок дека е потребно ангажирање на ДЗС со активирање на механизирани средства кои би дејствувале од воздух. Во моментов на терен пожарот го гаснат екипи на ТППЕ, еднопротивпожарно возило од РЕК Битола и едно од Општина Ресен, а во акцијатасе вклучени и вработените во НП Пелистер, како и локалното население. Од ТППЕ Битола информираат дека во текот на денот имале шест противпожарни интервенции. Покрај големиот пожар во Ротино, екипите натерен гаснеле пожари во Ниже Поле, Драгожани, во Мариовскиот дел и во градското подрачје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*