Home / Uncategorized / Горан Козаров:Лажно душегрижништво на ВМРО ДПМНЕ!

Горан Козаров:Лажно душегрижништво на ВМРО ДПМНЕ!

 По низата изнесени невистини и лажни обвинувања од страна на општинската организација и советничката група на ВМРО ДПМНЕ  кон ЈКП “ Водовод “ и раководниот тим,  во името на вистината и точното информирање на јавноста, сакам да нагласам дека не само што изнесените констатации се (нај)обични лаги, туку се класични шпекулации, со кои сака да се оцрни работата на “Водовод.

За моето наводно непочитување на одлуката на Советот на општина Битола за зголемување на платите од 5 отсто, сакам да нагласам дека во септември, менаџментот на ЈКП #Водовод# поднесе барање до Советот за  покачување на платите на вработените за 5 отсто. Ова наше барање беше прифатено едногласно од страна на сите советници. На таа иста седница, од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ бев информиран дека против “Водовод”, од група на вработени, е покрената тужба за неисплатени надоместоци изминатите години и тоа по разни основи. Иако овај менаџерски тим раководи со компанијата само 2 години, не сака да навлегува во анализа зошто вакво барање не е покренато порано, кога веќе станува збор за побарувања стари повеќе од 2 години и како тоа советниците на ДПМНЕ знаеле за оваа тужба пред менаџментот на Водовод?

За нас сите вработени се еднакви пред законот како со нивните права така и со нивните обврски.

Затоа, по добивањето на оваа информација и ново настанатата ситуација, се побара од Управниот одбор на “Водовод”, привремено да се стави во мирување одлуката за  покачување на платата, се со цел да можеме да видиме на што точно се однесува тужбата, кој е бројот на луѓе опфатен со тужбеното барање и која ќе биде  финансиската штета кон ЈКП #Водовод”

Овој период направивме пресметки, анализи и споредби кои ги опфатија пресметките на вештото лице,ангажирано од страна на тужителите како и наши интерни пресметки, се со цел да го знаеме реалното финансиско побарување со кое што ќе се соочи јавното претпријатие доколку вработените се во право и им биде прифатена поднесената тужба, истакна директорот Горан Козаров, кој притоа нагласи дека вработените во ЈКП “Водовод”  ќе го добијат покачувањето на платата, кое ќе биде ефектуирано заклучно со ноемвриската плата, за што има и одлука на Управниот одбор, нагласи Козаров.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*