Home / Политика / Горан Милевски: Битола ќе добие Медицински факултет

Горан Милевски: Битола ќе добие Медицински факултет

Новата влада по  11-ти декември сериозно ќе се зафати со реформи во образованието, а приоритет ќе  бидат  наставниците, учениците и родителите.

Доколку опозицијата дојде на власт Битола ќе добие Медицински факултет, која е дамнешна желба на битолчани.

Ова го изјави лидерот на ЛДП и кандидат за пратеник во Петтата изборна единица во Битола,  Горан Милевски.

-Една од областите во кои Владата во заминување направи тотален хаос и безредие е  образованието.  Таа успеа да уништи се што беше вредно а никако да направат реформи со кои ќе го подобрат образованието и наставниот процес, истакна Милевски.

Според Милевски,   новата влада која ќе ја фомира опозицијата веднаш и безусловно ќе го укине екстерното тестирање, ќе  го намали бројот на ученици во паралелка, кој  најмногу ќе изнесува  25, ќе се намали бројот на предмети,  фондот на часови на наставниците со повисоки звања, кои ќе добијат менторска и консултантска улога  во однос на помладите колеги, истакна Милевски.

Милевски  на пресот во Битола подвлече дека наместо  казни, најдобрите училишта и ученици ќе бидат јавно наградувани, ќе почне планот за реконструкција и изградба на нови градинки, а ќе се врати и автономијата на универзитетот  и достоинството на професорите.

Тој најави отворање  Медицински факултет во Битола,  изградба  на универзитетски кампус како и воведување на  Државен фонд за истражување и развој.

 

 

Б.В.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*