Home / Политика / Горан Милевски: Бриферите на “Битолски весник“ ги повикувам да се кандидираат за лидер на ЛДП

Горан Милевски: Бриферите на “Битолски весник“ ги повикувам да се кандидираат за лидер на ЛДП

Во врска со информацијата пласирана доцна попладневно на порталот на “Битолски весник“ дека наводно, Горан Милевски не ја ужива довербата на општинската организација со реакција се јави екс-советникот на ЛДП во Битола и потпретседател на партијата,  Горан Милевски.

-Бриферите на “Битолски весник“ слободно ќе ги оставам да си живеат во своите илузии и да си уживаат во виртуелната реалност во која си живеат. Ако си веруват во гнасните лаги кои ги пласирале за жал преку вашиот портал за утре да ги превземат и тие слободно нека ми се спротистават на конгрес за да видат колку се омилени во ЛДП. Јас за разлика од други кафе со Груевски во мојот живот немам пиено ниту порано ниту скоро. Секој што смета дека е сакан во ЛДП го охрабрувам уште утре да закаже конгрес на партијата- стои во реакцијата на Горан Милевски.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*