.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Политика / Горан Милевски, нов лидер на ЛДП?!

Горан Милевски, нов лидер на ЛДП?!

Екс- советникот на ЛДП во Советот на општината Битола и актуелен пратеник во сегашниот состав на парламентот, Горан Милевски не ги крие своите амбиции да го наследи лидерот на македонските либерал-демократи и актуелен градоначалник на Центар Скопје, Андреј Жерновски.
Имено поради големите обврски како градоначалник на Центар,  Жерновски наводно одлучил на наредниот конгрес на ЛДП, кој ќе се одржи на почетокот на следната година да не се кандидира и да ја отстапи својата лидерска функција на друг.
Таквата можност Милевски ја гледал како одлична шанса тој да застане на чело на ЛДП.
Иако засега ваквата информација нема официјална потврда, сепак Милевски во кругови на неговата партија веќе ја најавил својата кандидатура за лидерската позиција на престојниот конгрес на партијата , а и Жерновски наводно немал ништо против тој да го замени, бидејќи како што велат некои битолски либерал демократи Милевски бил негов миленик и токму на инсистирање на Жерновски, Милевски се стекнал со пратеничкиот мандат.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*