Home / Спорт / Гостите од Задар најуспешни

Гостите од Задар најуспешни

Во организација на КК Младост  изминатиот викенд во Битола се одржа 6. меѓународен Велигденски кошаркарски турнир Битола 2016.

Натпреварите се одржаа во четири категории: момчиња родени 2000/01 г., момчиња родени 2003/04 г., девојчиња родени 2003/04 г. и микс екипи за играчи родени 2006/07 г. На турнирот учествуваа 17 екипи од нашата земја и од Хрватска.

По дводневни натпревари, најдобри по категории беа: КК Борец Баскет од Велес (м-2000/01), МЗТ Скопје Аеродром од Скопје (м-2003/04), СК Задар (з-2003/04) и Воштарница од -Задар (микс-2006/07).

За најдобри играчи (МВП) по категории беа избрани: Стефан Митрев од Борец Баскет, Христијан Стојков- МЗТ Скопје Аеродром, Инес Јадријев-Задар и Стипе Иванковиќ од Воштарница – Задар.

Во рамките на турнирот се одржа и турнир за ветерани, а најголема атракција беше присуството на легендата на светската кошарка Ѓузепе Пино Ѓерѓа од Хрватска кој со 79 години настапи за ветераните на Задар кои што беа најдобри во оваа категорија.

Второто место го освоија ветераните на Борец од Велес, а трета беше комбинираната екипа на Младост и Пелистер  од Битола. Исто така, се одржа и ревијален натпревар на ветеранките од Младост и Пелистер.

Покрај наградите за најуспешните, организаторот додели и посебни признанија за гостите од Задар и благодарници на триесеттина битолски ветерани кои дадоа придонес во развојот на битолската кошарка во минатото.

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*