Home / Вести / Градоначалничката Петровска во посета на Заводот “ Кочо Рацин “

Градоначалничката Петровска во посета на Заводот “ Кочо Рацин “

Преку детската песна, игра, драматизација и бројни насмевки, учениците
од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и други пречки
во развојот „Кочо Рацин“ им се заблагодарија на претставниците на
институциите кои денес донираа подароци во оваа установа.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска ја проследи
подготвената програма, која дечињата ја изведуваа со посебно задоволство и
радост, затоа што имаа можност да го прикажат сработеното со своите
наставници пред голем број присутни лица. На приредбата, покрај
градоначалничката Петровска, присуствуваше и директорот на ЈКП Водовод“
Горан Козаров, чие претпријатие исто така донираше подароци за штитениците
на заводот, како и претставници на останатите донатори, Сојузот на глуви и
наглуви лица од Скопје и „Сокотаб“ Битола.
Дечињата во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор
и други пречки во развојот „Кочо Рацин“ кои престојуваат во установата, по
оваа приредба, на која беа заедно со нивните родители, заминаа во домовите
за да ги пречекаат Новогодишните и Божиќните празници во семејна
атмосфера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!