Home / Uncategorized / Градоначалникот на Новаци Лазар Котевски и делегација од општината положија цвеќе на француските гробишта во Битола

Градоначалникот на Новаци Лазар Котевски и делегација од општината положија цвеќе на француските гробишта во Битола

По повод стогодишнината од Првата светска војна, германската и француската амбасада, денеска заедно го одбележаа 11 ноември 1918 година, датумот на кој беше потпишано примирје со кое се стави крај на непријателствата.

Градоначалникот на Општина Новаци,  Лазар Котевски и делегација од општина Новаци положија цвеќе на француските гробишта во Битола.

-Бидејќи на територијата на Општина Новаци поточно на Кајмакчалан се водеа големи битки помеѓу 1 200 000 војници од т.н Источниот фронт положивме цвеќе на француските гробишта во Битола со цел да оддадеме почит и достојно да го одбележиме овој голем јубилеј од помирувањето на завојуваните страни- изјави  Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Општина Новаци досега во повеќе наврати соработувала со Франција особено во делот на развој на алтернативниот селскиот туризам а започна и со реализација на проект со оваа тематика Меморијален туризам со посебен осврт на Прва светска војна.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*