Don't Miss
Home / Uncategorized / Градоначалникот Талески со монструозно сценарио да го згасни Битолски весник

Градоначалникот Талески со монструозно сценарио да го згасни Битолски весник

И покрај тоа што во изминатите години во голем број наврати сум слушал од негови блиски поранешни и сегашни соработници и пријатели, дека суетата  на Владимир Талески нема граница, сепак ни на сон можев да претпоставам дека  градоначалникот Талески, кој 12 години ни го “режираше “ животот во градот, бил толку многу суетен.

Неговата суетност дури добива загрижувачки димензии на болна монструозност и бара посебна психоанализа.

Откако по “кавагата” што сам ја измисли  со Битолски весник во февруари годнава, кога на секој начин се обиде да ја минира Манифестацијата “ Избираме најсупешни  битолчани “ ја прекина секоја соработка и не му појде од рака  по куса постапка да го уништи Битолски весник, тој  смисли(л) ново сценарио за згаснување на Весникот со најдолга традиција не само во Битола, туку и во државата.

“Таткото “ на градот, како што себеси милува да се преставува наместо да води грижа за Весникот, кој цели 12 години го “уредуваше “ тој со своите бројни изјави, интервјуа, прес конференции, брифинзи… од 17 февруари годинава, кога по СМС ни  испрати порака дека ја прекинува натамошната соработка  на Битолски весник со Општината, веќе  цели 8 месеци, тој  на секој начин се обидува да го згасне Битолски весник.

Кога виде дека и покрај  тоа што тој ги прекина сите рекламирања и огласувања во Битолски весник, како и редовните честитки, кои ги објавуваше за време на државните празници за граѓаните, Битолски весник и натаму редовно излегува од печат, Талески смисли ново монструозно сценарио.

Како што за време на одржувањето на Манифестацијата “ Избираме најуспешни битолчани 2016 “ даде наредба да се бојкотира Манифестацијата, тој од пред 7 месеци издаде “наредба”  до сите директори кои тој ги именува да ја прекинат соработката со Весникот.

На почетокот од годината таквата наредба некои од директорите ја послушаа, но подоцна некои од нив, не гледајќи смисла во неговиот монструозен план, ја обновија соработаката со Весникот.

Но имаше и такви кои не го издржаа неговиот притисок и закана со нива наводна смена од директорската функција  и ја прекинаа соработката со Битолски весник и не ги продолжија договорите.

Последниот кој без објаснување  не го продолжи договорот е директорот на ЈП “ Комуналец “ Зоран Соклевски, кој во минатата недела со писмо не извести дека од 20. 07.2017 година ја прекинува соработката со Битолски весник и не го продолжи  Договорот за соработка.

Зоран Соклевски остана доследен послушник на градоначалникот Владимир Талески и како што тоа го направи за Манифестацијата кога ни соопшти дека се придружува кон бојкотот на Талевски за Манифестацијата  и ни ги врати влезниците, деновиве тој не го продолжи договорот со Битолски весник.

Поопширно во печатеното издание на Битолски весник

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*