Home / Македонија / Граѓанскиот форум ги детектираше најважните проблеми

Граѓанскиот форум ги детектираше најважните проблеми

Денеска, продолжи третата сесија од граѓанскиот форум, на која учесниците ги одбраа   најсуштинските  проблеми  со кои се соочува Општина Карпош. Претставниците од урбаните заедници и жителите  на локалната самоуправа  разговараа за најбитните прашања кои ги тангираат сите граѓани на Општината.

Овозможување на проодни улици, и паркинг места, подигнување на свеста на граѓаните за селектирање на отпадот, изградба на паркинг –платформи во подрачјата каде што има најголема фрекфенција на сообраќај на  територијата на локалната заедница, решавање на проблемот со хаварисаните возила, како и ревидирањето на Деталните урбанистички планови, се проблемите кои по пополнувањето на анкетниот лист се најдоа најгоре на ранг-листата, како прашања кои заслужуваат итност во решавањето.  Исто така, битни прашања за решавање на карпошани се и промената на азбестните покриви, и реконструкцијата на платото пред „ Порта Влае“. Учесниците се согласија дека постои нужност , во иднина да се организираат поголем број на граѓански форуми, на кои ќе се дебатира за потребите на локалната самоуправа.

По приоретизирањето на проблемите, учесниците во денешниот граѓански форум разговараа подлабинки за нивното решавање, односно ги воочуваа сите аспекти и фактори кои се суштински важни при нивното решавање.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!