Home / Вести / Грант од 300.000 долари за Националниот парк Пелистер

Грант од 300.000 долари за Националниот парк Пелистер

Националниот парк Пелистер од Битола ќе добие грант од 300.000 долари од проектот “Подобрување на управувањето со заштитените подрачја”.

Овие средства ќе бидат искористени за набавка на едно теренско возило за гаснење на пожари и друг алат и дополнителна опрема за заштита од пожари, потоа набавка на дрон преку кој се ќе се следи Националниот парк Пелистер, потоа за заштита на живеалиштата на животните кои живеат во Националниот парк, изградба на 50 велосипедски патеки, како и 12 патеки за љубитеите на планината.

Целта на овој проект кој ќе трае 1,5 година е да се заштити и промовира Пелистер кај сите граѓани, бидејќи со овој проект преку социјалните мрежи Пелистер ќе може да биде достапен до сите.

-Националниот парк Пелистер е еден од осумте проекти за големи заштитени подрачја. Овој проект очекуваме да помогне во препознавање на социјалните и економските придобивки што произлегуваат од заштитата и одржливото управување со природните ресурси во заштитените подрачја, а истовремено да ги зголеми капацитетите на локалните самоуправи и граѓански организации за управување и промовирање на заштитените подрачја на професионален и одржлив начин”, истакнаа министерот за екологија Садула Дураки, амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар и Луиза Винтон постојана претставничка на УНДП во изјава за медиумите.

Покрај Пелистер средства од овој проект ќе добијат Дојранското Езеро, Националниот парк Преспанско Езеро и Националниот парк Езерани, исто како и за подрачјето Матка – Водно – Сарај и за заштитеното подрачје Јасен и за Охридско Езеро – Сатеска Река, со предвидени износи од 200.000 до 400.000 евра.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку ИПА 2 – Секторска оперативна програма за еколошка и климатска акција 2014-2020, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во тесна соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!