.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Политика / Груевски имаше средба со кандидатите за локален лидер на ВМРО-ДПМНЕ на Битола

Груевски имаше средба со кандидатите за локален лидер на ВМРО-ДПМНЕ на Битола

Дури до раните утрински часови траеаја интервјуата на лидерот на ВМРО -ДПМНЕ, Никола Груевски со кандидатите за нов локален лидер на партијата во Битола.
Според информации на порталот на “Битолски весник” секој од кандидатите кој бил повикан на интервју имал по најмалку 20 минути да му ги образложи на Груевски своите планови и идеи за водење на партијата во наредниот период.
Сега, кога завршија интревјуата со лидерот на партијата и актуелен премиер, Никола Груевски ќе следуваат анкети кај членството на партијата и граѓаните на Битола, па дури потоа Груевски ќе ја донесе конечната одлука.
Инаку, во трката за локален лидер на Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ- Битола од над 35 кандидати, колку што се пријавија на Конкурсот, останаа само уште петмина.
Според информации на порталот на “Битолски весник” тие се: советникот Пеце Милевски, директорот на Гимназијата “ Јосип Броз Тито “ Кире Печалев, портпаролот на партијата и актуелен советник Благој Шаклевски, Александар Мирчевски, вработен во РЕК “Битола” и Иван Тошевски, вработен во ФОД.
Кој од нив ќе биде избран за нов лидер на партијата, кој ќе го замени досегашниот лидер и актуелен пратеник, Зоран Илиоски ќе се знае наскоро.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*