.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Македонија / Груевски: Ниту сум го видел, ниту сум се чул со Заев по изборите

Груевски: Ниту сум го видел, ниту сум се чул со Заев по изборите

Никола Груевски по  изјавата на Заев дадена во Битола,  дека и за време на кампањата и по изборите постојано биле во комуникација, реши да го демантира со објава на неговиот Фејсбук профил.

-Со Заев по изборите се немаме ниту видено ниту чуено, иако очекував да ми ја честита победата. Но се покажа дека нема сили за тоа. Во минатото, нормално, повремено кога имало потреба сме се гледале или слушале телефонски, вклучително и во саботата пред изборите кога Оливер Спасовски најпрвин го побара Никола Тодоров, по што и ние се слушнавме со цел да размениме информации во правец на избегнување проблеми во изборниот ден- напиша  Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ го избегнува поразот на изборите и лажно наметна славеничка еуфорија, а со тоа само прави напори да ја продолжи политичката криза.

-Не е прв пат СДСМ да прославува кога ги губи изборите. Тоа е нивно право, а би рекол и навика. Заев е во очај. Тој можеби очекува дека тие кои го најмија ќе му помогнат сега, но мнозинството од граѓаните веќе гласаа и одлучија и нема да дозволат некој да им ја украде победата“ посочи Груевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*