.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Македонија / Груевски: Оваа победа има особена важност и тежина

Груевски: Оваа победа има особена важност и тежина

Секогаш ќе работиме во интересите на државата во корист на државните и националните интереси. Ова го кажувавме пред и сега после изборите. Секогаш сме биле и ќе останеме на линијата на националните интереси, порача во својот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тој наведе дека според резултатите од 88,61 процент обработени гласови поддршка со 434.051 за ВМРО ДПМНЕ наспорти 415.258 за СДСМ, наведувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е победник на овие избори.

– Ова е 10. изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ и 10. пат по ред мнозинството граѓани гласаа и со најголем број гласови го поддржа ВМРО-ДПМНЕ со коалиција и нашата програма, визија и тим. Ќе работиме оваа поддршка да ја оправдаме и да не ја изневериме нашата поддршка – рече Груевски.

Тој рече дека сега следува процес на формирање на коалиции и формирање на влада, така што истакна дека кризата мора да заврши и Македонија да оди напред.

– ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција на овие избори имаа исклучително тежок противник оти тоа не беше само СДСМ и тоа сите добро го знаете, рече Груевски и додаде дека токму затоа оваа победа има една посебна тежина и важност.

Покрај се што поминавме две ипол годни, низ што не поминавме и затоа оваа победа има особена важност и тежина. Она што е видливо веќе е дека бројот на гласови за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е во рамки на константната поддршка која ја имаме во изминатиот период, поголеми изненадувања имаше кај албанскиот електорат. Гледаме дека СДСМ доби значителна поддршка од албанскиот електорат но анализите ќе ги правиме повеќе во наредни денови и ќе извлечеме поуки од граѓаните – заклучи Груевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*