Home / Вести / Груевски се луксузира и во Будимпешта

Груевски се луксузира и во Будимпешта

Пред неколку дена се разреши мистеријата околу тоа каде во Будимпешта престојува побегнатиот екс премиер Никола Груевски, откако беше обавена негова фотографија во лобито на хотелот „Four seasons“.

Познат како еден од најлуксузните хотели во Унгарија, „Четири сезони“ или уште наречен и „Грешам палата“ е едно од најкомфорните задоволства кое само оние со подлабок џеб можат да си го дозволат. Имено, најевтината соба за едно лице за само една вечер изнесува 445 евра со вклучен данок и туристичка такса.

Се работи за соба од 33 метри квадратни, со еден таканаречен кралски кревет. Појадокот не е вклучен во цената. Собата за едно лице од 38 метри квадратни во „Четири сезони“ во која исто така има кралски кревет се изнајмува по цена од 415 евра за ноќ, без данок и туристичка такса. Собата за едно лице со поглед на ридот Буда изнесува 555 евра, додека со поглед кон паркот изнесува 815 евра.

Полуксузните соби за едно лице се изнајмуваат по цени од 1.215 и 1,415 евра, а нивната големина е 64 метри квадратни. Овие цени се без данок од 18 проценти и туристичка такса од 4 проценти. Се нудат апартмани од 85 метри квадратни, а нивната цена е 3.100 евра од вечер. Цените на „Четири сезони“ се видливи за јавност доколку се обидете да резервирате преку официјалната страница на хотелот.

Додека пак, ако сте заинтересирани за сместување во кралските или претседателски апартмани, цената за нив може да ви биде соопштена само телефонски. Од фотографиите на собите, може да се заклучи дека од сите страни изобилува со луксуз. Кристални чаши, модерен мебел, мермерни бањи, а во опциите за сместување е наведено дека се нуди и личен батлер на располагање осум часа дневно.

На 13-ти ноември Груевски ја информираше јавноста преку својот Фејсбук профил дека се наоѓа во Будимпешта. За речиси 50 дена, доколку е сместен во „најскромната“ соба во хотелот, тој би требало да плати 22.250 евра, само за сместување, без храна. Или, поедноставно, неговата пратеничка плата му е доволна да си плати само две ноќи месечно во „Четири сезони“.

Доколку во иднина се реши да изнајми стан, цените на еднособните апартмани во Будимпешта се движат од околу 500 евра месечно, а пак трособните над 800 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!