Home / Uncategorized / Груевски се откажа од пратеничкиот имунитет

Груевски се откажа од пратеничкиот имунитет

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ и екс премиер Никола Груевски се откажа од праетничкиот имунитет.Според изјавата на адвокатот Александар Тортевски во вчерашното гостување на Топ Тема рече дека има сериозна информација дека Груевски се откажал од пратеничкиот имунитет. Според Тортевски, Груевски ова го направил за да ги избегне испрашувањата пред комисиите во Собранието пред медиумите и јвноста.

Денеска Дојче Веле пишува дека со барање адресирано до собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, побарал да му биде симнат пратеничкиот имунитет.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утрово за Дојче веле изјави дека нема информација дали такво барање од пратеникот Груевски е доставено до собраниската Комисија.

-Ако такво барање навистина е доставено до Комсијата, тогаш процедурата е згрешена. Тоа се доставува до претседателот на Собранието, кој потоа го доставува до пратениците, што воедно значи и налог надлежната Комисија да расправа за него. Таква е процедурата. До овој момент јас немам добиено такво барање од пратеникот Никола Груевски, изјави утрово претседателот на Парламентот, Талат Џафери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*