Home / Uncategorized / Груевски во нов патриотски занес

Груевски во нов патриотски занес

Откога се виде дека оваа власт спроведува селективна правда и ослободува најтешки криминалци и убијци, стана јасно дека веќе е бесмислено да се бара одговорност од луѓето кои борејки се за својата земја, поведени од емоциите, направија погрешен чекор на 27-ми април, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на свечената Академија по повод 124 години ВМРО и 27 години ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие немаат толку мастило за родољубивиот народ од 27-ми април да го запишат на темните страни на историјата. Тој сентимент, таа емоција, таа на срамен начин испровоцирана реакција која за жал доведе и до неоправдливо насилство во еден дел, но во основа беше длабоко патриотска – не може да ја сквернавите. Македонскиот граѓанин кој чекореше по македонските улици 80 дена со патриотизам, со крената глава и исправена кичма, секогаш ќе биде на светлите страници на македонската историја, и ќе сведочи за едно време во кое една генерација рекла не, а тоа е траг кој не се брише – рече Груевски.

Тој додаде дека луѓето што влегоа во парламентот на 27 април ќе ја имаат помошта од ВМРО-ДПМНЕ.

Што е корнењето на косата на Радмила Шеќеринска во однос на злоделата што ги имаат направено криминалците кои се ослободуваат од затвор,истакна Груевски, кој (не)оправдувајки го влегувањето на протестантите во Собранието на 27 април истакна дека тие со тоа тие направиле погрешен чекор, но дека тоа го сториле од премногу емоции. Токму затоа ним треба да им се прости, истакна Груевски.

Притоа тој заборави дека многу злосторстав и убистав во Македонија се имаат направео токму од премногу емоции,а плиткоумни расудувања.

Груевски носен повторно на крилјата на својот  “патриотизам “ заборава дека токму тој со своите говори во Прогласот, Манифестот, Патоказите, кога велеше дека  бидејки ВМРО ДПМНЕ не добило 64 пратеници како што тој посакуваше, време е народот да ја земе судбината во свои раце со што  буквално ги усмери протестантите да влезат во Собранието.

Груевски изгледа заборави дека на 27 април токму од  тие емотивни протестанти можеше да загине пратеникот Зијадин Села, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Радмила Шекеринска и ред други пратеници.

Со ваквите “патриотски “ изјави Груевски практично ги амнестира демонстрантите кои влегоа во Собранието насила да ја земат власта.

Груевски досега не одговори како се случи додека  демонстрантите насила влегуваа во Парламентот,  тој баш тој ден случајно да биде во Австрија и што разговараа на телефон со екс минситерот на МВР  Митко Чавков.

Очигледно е дека Груевски како инспиратор  и поттикнувач на протестите  пред и за време на 27 април чуствува одговорност што  затоа што голем број од нив ќе заглават долги години в затвор се труди ним да им помогне со амнестија, но притоа заборава дека тоа време помина и дека тој не може ни нив, ни себеси да се рехабилитира.

Доколку тој беше толку голем патриот како што се замислува себеси требаше баш тој ден да биде на чело на протестантите, а не истите да им ги остави на Бетмен, Едноноки и Дурловски и баш тој ден да биде служебно отсутен и да замине на пат во Австрија, кога сите знаеја дека тој е денот Д.

Но очигледно е дека по тешкиот пораз на локалните избори Груевски како и во сите изминати 11 години се обидува да лови политички поени на својот веќе препознатлив лажен патриотизам, кој за жал некои негови поддржувачи уште не можат да го препознаат.

Но тоа е тоа. Груевски сакал тој или не наскоро мора да се соочи не само со себе и својата одговорност, туку и со своето членство, кое за кусо време ке собере храброст и тоа што го мисли за него ќе му го каже в очи.

Дури тогаш, како и сега  за време на локланите избори Груевски ке сфати дека не само народот, туку и неговото членство што мисли за него.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*