Home / Вести / Груевски во Унгарија е опасен како и кога беше премиер!

Груевски во Унгарија е опасен како и кога беше премиер!

Владата на Република Македонија ќе направи се Никола Груевски да биде вратен во државата и бидете уверени дека ќе биде вратен, затоа што тој во овој момент е исто толку опасен за Македонија како и во моментот кога беше премиер.

Ова го изјави деновиве генералниот секретар на СДСМ и актуелен пратеник,  Александар Кирацовски за време на посетата на Битола, по повод јубилејот 40 години од формирањето на ЈП “ Стрежево”.

– Владата на РМ и надлежното Министерство за правда ги прават сите напори Никола Груевски да биде испорачан назад во Македонија, согласно меѓународните договори и конвенции. Се надевам и убеден сум дека Унгарија ќе го направи тој чекор и ќе го испорача Никола Груеваски назад, во нашата држава, каде ќе ја отслужи и правосилната казна, но и сите оние кои евентуално би му следувале.

Тој мора да биде вратен во државата и ќе биде вратен.

Никола Груевски во овој момент е исто толку опасен за РМ исто како и во моментот кога беше премиер на Република Македонија. Тој поради функцијата, која за жал ја имал 11 години, во себе ги содржи сите клучни информации, доверливи информации и документи, сѐ она што го сочинува нашето општество. Поради тие причини ние мора да ги направиме сите клучни чекори и убеден сум дека ќе успееме Никола Груевски да биде час поскоро испорачан во Македонија”, рече Александар Кирацовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!