Home / Спорт / Управата на ФК Пелистер: Хаџиевски доби се што бараше, не исполни ништо

Управата на ФК Пелистер: Хаџиевски доби се што бараше, не исполни ништо

Во врска со обвинувањата на сега веќе екс- тренерот на Пелистер, Ѓоко Хаџиевски со соопштение се јави управата на клубот. Во соопштението испратено до јавноста Управата на клубот категорично ги отфрла сите обвинувања на Хаџиевски и истите ги смета за шпекулации, невистини и тенденциозни обвинувања.

Имено, неговите наведени констатации околу тоа дека истиот немал никаква поддршка од управата и сопственикот на клубот, ги демантираме со следниве информации се вели во соопштението.
-Како прво, можеби ние не сме доволно информирани како работат професионалците, но кај нас, прво се дава отчет во матичната куќа, се донесуваат заклучоци, а потоа преку медиумите се известува јавноста, додека г-динот Хаџиевски прво тргнува од медиумите, притоа заборавајќи од кого и за што е ангажиран. Ако е ангажиран од медиумите, тогаш потполно е во право и му се извинуваме.
По слабите резултати во есенскиот дел од првенството, се направи промена на местото шеф на стручниот штаб и се доведе Хаџиевски со цел да се подобрат резултатите, да се подмлади екипата и на една подолгорочна перспектива да се создаде цврст, стабилен и победнички фудбалки клуб, се вели во соопштението.
Притоа се додава дека Хаџиевски , пред стапувањето на должност шеф на стручниот штаб на Пелистер беше комплетно информиран за моменталната состојба во клубот и запознат со кадровскиот, материјалниот и организацискиот потенцијал со кој се располага за идниот период.

Имаше доволно време и можност (декември-јануари), да направи комплетно скенирање на постоечките и новодојдените фудбалери кои што беа на проба солиден временски период.

Имајќи ја  предвид неговата стручност и долгогодишно фудбалско искуство, Управата на клубот сметаше дека овој фудбалски стручњак ќе направи правилна проценка и тријажа на фудбалскиот потенцијал кој што треба да ги носи боите на Пелистер.
Доведени се и четири  странски фудбалери (засилувања) и не ни е апсолутно јасно, зошто овој фудбалски стратег го издвојува само голманот Драгојевиќ, како право фудбалско засилување. Зарем направил превид со другите 3 засилувања, каде што тој истиот, за еден од овие тројца, го убедуваше нашиот тогашен селектор, дека под инто треба да добие македонски пасош и веднаш да биде вклучен во “А” репрезентацијата на Македонија.
Најверојатно направил погрешна проценка и со останатите други двајца фубалери. Како управа на клуб, не убедуваше дека со неговото стручно фудбалско знаење за да процени некој фудбалер, потребен му е 1 ден.
-Г-дине Хаџиевски, имавте многу повеќе од 1 ден. Се повикува на тоа дека управата на клубот не му овозможила вистински засилувања на екипата во преодниот рок, а за тоа е доволно да си го провери сопствениот е-мејл, на кој му е пратен список со 25 фудбалери од Бразил со видео снимки. Неговиот одговор беше дека нема доверба во бразилските фудбалери и ние како управа го почитувавме тоа мислење.  Правото на избор, беше негово ексклузивно право. Сега тој констатира дека требаше клубот да го напушти уште во февруари, а нас не убедуваше дека овие деца, со добри подготовки и под негово стручно око, ќе експлодираат во вториот дел од првенството.
Експлозија се случи, но експлодира ФК Пелистер.
Се повикуваше дека клубот не бил добро организиран, играчите не добивале плата и немале храна- стои во соопштението.

– Г-дине Хаџиевски, разговарајте со повозрасните фудбалери на ФК Пелистер, за да ви кажат дека никогаш поорганизиран, поредовен и со подобри услови за работа не бил Пелистер.
Во подготвителниот период се направени најдобри подготовки во историјата на Пелисетр и беше набавена најсовремена спортска опрема, на ниво на просечен европски клуб.
За волја на вистината, на секој тренинг и натпревар, пријателски, или натпреварувачки беше присутен дел од управата и претседателот на клубот. Неговиот делокруг на работа беше да го пренесе неговото фудбалско знаење и искуство на фудбалерите на Пелистер и да обезбедиме опстанок во овој дел од првенството, за кое што се залагаше управата на клубот, а не дружење со одредени лица од управниот одбор.

За тој опстанок, тој добро знаеше дека беше обезбедена висока премија.

Намерата на Хаџиевски на ваков начин да ги претстави случувањата во ФК Пелситер, не му доликува на име за како што се претставуваше тој во фудбалските клубови, “дека сите тренери во Македонија и пошироко му се до коленици (со фудбалско знаење)”.

– Ваквите констатации ви паднаа во блатото, од кое се надеваме дека тешко ќе можите да излезите во фудбалска Македонија.

Се  извинуваме до сите наши спортски подржувачи, до нашите најверни навивачи, за нашата погрешна проценка при изборот и ангажирањето на големиот фудбалски стратег и стручњак.

Ние со кренати глави повторно ќе се појавиме пред нашите битолчани се вели во соопштението на Одборот на директор на Пелистер.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*