Home / Вести / Христо Кондовски: Ќе се залагам за брза и ефикасна општинска администрација

Христо Кондовски: Ќе се залагам за брза и ефикасна општинска администрација

Откако вети  реализација на 10  големи проекти кои  според неговите зборови ќе  бидат  (по)големи кандидатот на СДСМ, бизнисменот Христо Кондовски во првата изјава за медиумите истакна.

-Можам да гарантирам дека динамиката на реализација на тие проекти ќе биде егзактно брза и тоа досега Битола го нема видено. Во голема мера ќе се зголеми ефикасноста и брзината на работењето.

 Досега се имало добра намера, имало домаќинско работење, требало само да се изменаџира побрзо. Затоа сум овде пред вас и одговорно тврдам дека ќе се движам во таа насока. Се менаџирало, но сметаме дека може уште подобро да се менаџира. Не велиме дека не се менаџирало, но треба уште подобро да се менаџира, треба да се направи некое преструктуирање на јавните претпријатија, од аспект на ефикасност. Сето тоа ми е фах од раководење во приватните фирми и знам тоа да го направам, рече Христо Кондовски, кандидат за градоначалник од СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*