Home / Вести / Ифтарска вечера организирана од градоначалникот Коњановски

Ифтарска вечера организирана од градоначалникот Коњановски

Во пресрет на големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам,
градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, организираше ифтарска вечера.
Традиционално, на вечерата присуствуваа, битолскиот муфтија Амит Расими, заедно со претставници на битолското муфтиство, директорите на јавните претпријатија, претставници на советничките групи од општинскиот Совет, како и голем број граѓани, соработници на општина Битола, претставници на невладиниот и бизнис
секторот.
Градоначалникот Коњановски, посочи дека овој месец кога верниците од муслиманска вероисповед го празнуваат светиот месец Рамазан, посебно е важно, да се истакне меѓусебното почитување, соработка и заедничкото негување на добрите дела, кои значат градење на вистински вредности.
Присутните гости се заблагодарија за ваквата организација која потврдува дека, Битола е град во кој се негуваат хумани, општочовечки односи, кои се значајни и во континуираната ангажираност за воведување разновидност и инклузија во градот.
Оваа година, Рамазанскиот пост започна на 11 март и завршува на 9 април.
Првиот ден на Рамазан Бајрам се одбележува во среда на 10 април.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*