Home / Вести / Интегра без кандидат за градоначалник, но со советничка листа

Интегра без кандидат за градоначалник, но со советничка листа

ИНТЕГРА на престојните избори ќе учествува во 30 општини, од кои со 27 свои листи и 3 пилот модели со поддршка, доминантно во општини со над 10.000 жители, рече на денешната прес конференција претседателот на партијата Д-р Љупчо Ристовски.

Со кандидати за градоначалници (свои кандидати, независни кандидирани од ИНТЕГРА и пилот поддршка на независни и кандидати од други партии/коалиции) учествуваме во 15 општини.

Во Битола ИНТЕГРА на овие избори ќе настапи со советничка листа, на која носител е Добре Ристески. Од овој регион со советничка листа ќе настапат и во Прилеп и Кичево. Носител во Прилеп е Дејан Јанкуловски, а во Кичево Љупче Јаковлески.

Во овој регион со кандидат за градоначалник во Прилеп со Зоран Митревски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*