Home / Градска хроника / Искршени излозите на “Божур”

Искршени излозите на “Божур”

Денеска, рано изутрина, засега непознати сторители ги искршија излозите на приватното претпријатие за намештај “Божур”, кое се наоѓа наспроти “ Битолски весник “.

Сопственикот на “ Божур” Илјаз Синановски, на кој пред извесно време исто така му беа искршени излозите на “ Божур “, пред полицијата, која изврши увид, изјави дека кршењето на излозите на “ Божур “ не е случајно и дека тој смета дека некој намерно се обидува да го заплаши и да му нанесува штета.

bozur 1

Според него симптоматично е што излозите на “ Божур “ се кршат пред секој верски исламски празник.
Со оглед на тоа што ова не е првпат како се кршат излозите на “Божур” сопственикот на фирмата изјави дека до Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител и дека ќе бара виновниците најстрого да бидат санкционирани.

Инспектори на СВР Битола денеска рано изутрината извршија увид на дуќанот и откако снимија се ќе поднесат пријава до СВР Битола.
Освен скршените стакла на на дуќанот не е е направена никаква друга материјална штета, а според зборовите на Илјаз Синановски не беше и ништо одземено од продавницата.
Инаку,  во познатите палења кои се случија во Битола, во 2001 година врз “ Божур “ беше фрлен молотов коктел и дуќанот беше доста оштетен.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*