Home / Uncategorized / Издупени гумите на возила на УЈП во Битола

Издупени гумите на возила на УЈП во Битола

Тркалата на неколку возила на Управата за јавни приходи во Битола кои се паркирани пред седиштето на  Регионалата дирекција вечерва беа издупени од засега непознати лица.

Управата за јавни приходи ја известила битолската  полиција која направи увид на лице место.

ујп 4

Просториите на УЈП во Битола се наоѓаат  во строгиот центар на градот.

Од Управата велат дека се сомневаат дека ова е најверојатно реакција на последните контроли кои заедно со полицијата ги спроведоа во Битола, Прилеп и други градови за кои е надлежна оваа регионална дирекција.

ујп 5

-Во текот на денешниот ден, дојде до еден немил инцидент. од непознати сторители, оштетени се петнаесет гуми на шест возила на УЈП. Со ова е упатена една лоша порака, од причина што, секако, станува збор за државен орган. Сметаме дека до овие инциденти е дојдено од контроли кај незадоволни граѓани кои со ова упатуваат лоша порака дека нешто не е во ред кај нив- рече Менде Матевски, раководител на Регионалната дирекција на УЈП- Битола.

Извор: Тера.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*