Don't Miss
Home / Спорт / Изгласан предлогот Талески да го продаде РК Пелистер

Изгласан предлогот Талески да го продаде РК Пелистер

Ракометниот клуб Пелистер повторно оди на продажба. Вака одлучи градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Откако првиот обид  пред неколку години Пелистер да го купи сопствeникот на ГП “Пелистер”, Силјан Мицевски не успеа, сега општината Битола  по втор пат прави обид да го продаде управувачкиот пакет акции на Пелистер.

Предлогот на Талески да го продаде мнозинскиот пакет акции советниците на мнозинството го подржаа на последната седница на Советот.

Според предлог одлуката  на продажба ќе бидат понудени  51 отсто од акциите на РК Пелистер, кои во моментот се во сопственост на општината.

Вкупната вредност на цената на акциите во сопственост на Општина Битола во Друштвото како што стои во предлог одлуката  од 100 отсто  е минимум 1.537.500,00 денари, односно 6150,00 денари по акција.

Во јавниот повик, кој ќе треба да биде објавен откако сега веќе е усвоена одлуката за продажба на Пелистер меѓу другото стои:

Право на учество на Јавниот повик од член 1 на оваа Одлука имаат сите домашни и странски физички и правни лица.

Вкупната вредност на цената на акциите во сопственост на Општина Битола во Друштвото од 100% е минимум 1.537.500,00 денари односно 6150,00 денари по акција.

Основен критериум за избор ќе биде највисокиот понуден износ на минимум-годишно вложување за временски период од 3 години, при што процентуално ќе вложува во вкупен буџет не понизок од 300,000.00 евра годишно во денарска противвредност, согласно средниот курс на Народната банка на Република Македонија.

По 3 години, да се спроведе постапка за продажба на дополнителни 25% од акциите, сопственост на општината и процентуално учество во финансирањето во следниот период. Купувачот на доминантниот пакет на акции од 51% има обврска да ги докупи 25 % од акциите после 3 – тата година , доколку нема друг купувач.

Според доставената предлог одлука основен критериум за избор ќе биде највисокиот понуден износ на минимум-годишно вложување за временски период од 3 години, при што процентуално ќе вложува во вкупен буџет не понизок од 300,000.00 евра годишно во денарска против вредност, согласно средниот курс на Народната банка на Република Македонија.

Инаку советниците на СДСМ не гласаа за одлуката на Талески и при гласањето беа воздржани.

„Денеска СДСМ заедно со коалицијата за точката за започнување на постапката за продажба за мнозинскиот пакет на акции за ракоментиот клуб, ќе гласаат воздржано. Гласаме воздржано затоа што не му веруваме на двоецот кој ја води Општина Битола, Талевски и Бончановски, бидејќи самите тие беа вклучени во многу коруптивни договори во изминатиот период. После добивањето на договорите за акции за ракометниот клуб, комисијата за спорт во Општина Битола ќе ги разгледа  и ќе заземеме официјален  став. Со ова сакаме да го заштитиме ракометниот клуб и не сакаме да дозволиме ракометниот клуб да западне во рацете на некој кој ќе го уништат белегот на Битола. Во одлуката за започнување на постапката за продажба на ракометниот клуб во првиот наврат општината продава 51 % од акциите а, во понатамошниот дел односно после три години купувачот е обврзан да купи уште 25% од акциите. Ние сакаме да ги видиме пристигнатите предлог договори на купувачите и да донесеме заедно некоја разумна одлука со која ќе им помогнеме на ракометниот клуб да се издигне на нивото кое го залужува” изјави Методија Илиевски советник од СДСМ пред почетокот на седницата.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*