Don't Miss
Home / Вести / Изграден нов детски парк во Битола

Изграден нов детски парк во Битола

                       

Денеска Битола  на радост на најмладите доби нов детски парк.

Новиот детски парк е изграден на просторот на улицата „Север и Југ“.

Во Битола според зборовите на директорот на ЈП Комуналец, Панде Богоевски на околу 50 локации во градот се направени паркови, од кои најголемиот број се збогатени со детски реквизити, а 4 се инклузивни паркови.

На над 20 локации се направени нови паркови, вклучувајќи го и еко паркот и паркот за домашни миленици сместен на Градското шеталиште во Битола.

            -Идејата за изградба на нови хортикултурни уредувања во градот, кои ги опфаќаат и детските паркови, произлегуваат пред се од програмата за работа на градоначалничката Наташа Петровска и Советот на Општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*