.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Израелски денови во Битола

Израелски денови во Битола

Тоа што пред неколку месеци за време на првата посета на Битола го најави амбасадорот на Израел во Република Македонија, Дан Оријан се оствари.

Во рамките на продлабочувањето на пријателските односи на Израел и Битола и промоцијата на Битола како град со еврејско културно наследство, викендов, во градот под Пелистер се одржуваа денови на израелската култура.

izrael 4

Свеченостите започнаа вчера претпладне, кога на влезот во детскиот дел на Градскиот парк, од страна на амбасадорот на Израел Дан Оријан и градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески беше откриена спомен плоча на еден до столбовите од некогашната синагога, Кахал Португал, која беше уништана во Втората светска војна.

Потоа во Детскиот парк, од страна на амбасадорот Оријан и градоначалникот Талески беше засадено дрво на мирот.

izrael 8
Манифестациите на Израел во Битола продолжија со одигрување на претставата “ Нашиот клас” во изведба на Националниот театар Хабиба и театарот Камери од Тел Авив, која покрај љубителите на театарската уметност во Битола имаа можност даја видат и љубителите на театарот во Скопје, Тирана, Подгорица и Белград, во рамките на големата Балканска турнеја.

Претставата “ Нашиот клас “ е работена во рамките на одбележувањето на 70 годишнината од холокаустот на Евреите, а во рамките на Битолското културно лето “ Бит фест 2015 “ беше отворена и изложба наречена “ Израел низ илустрациите во детските книги 1947-2014, во постава на Лиора Гросман, угледен публицист од Израел, а беа промовирани и победниците на литературниот натпревар на млади писатели “ Си било еднаш едно дрво” каде што младите творци пишуваатинспирирани од детскиот расказ “ Еврејчето Шами” ,дело на познатиот битолски писател Владимир Костов.
-Односите меѓу Израел и Битола се исклучително добри. Во Битола пред војната живееја над 3.000 Евреи, кои ги загубија животите за време на холокаустот. Ние, како современици мораме да се навраќаме на минатото, но и да мислиме на иднината. Затоа во иднина планираме да ги збогатиме нашите меѓусебни врски, како на културен, така и на економски план, истакна амбасадорот на Израел во Република Македонија, Дан Оријан, во Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*