Home / Свет / Јосиповиќ го призна поразот, Китаровиќ прва жена- претседател на Хрватска

Јосиповиќ го призна поразот, Китаровиќ прва жена- претседател на Хрватска

“Дозволете ми да `и честитам на изборната победа на новоизбраната претседателка г-ѓа Колинда Грабар Китаровиќ“, изјави вечерва досегашниот хрватски претседател и кандидат на владејачката лева коалиција Иво Јосиповиќ пред приврзаниците во изборниот штаб.

Тој им се заблагодари на сите кои му пружале поддршка во изминативе шест години, како и на граѓаните кои гласале за него.

Кандидатот на опозиционата конзервативната Храватска демократска заедница (ХДЗ) Колинда Грабар Китаровиќ победи во исклучително тесната трка од вториот круг на претседателските избори.

Според прелиминарните официјални резултати, како што јави Ројтерс, при пребројани 97,8 отсто од гласовите Грабар Китаровиќ освоила 50,54 проценти, додека нејзиниот против кандидат Јосиповиќ 49,46 проценти.

Според агенцијата успехот на изборите на опозициониот кандидат се должи на зголеменото незадоволство на граѓаните од економската криза во земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*