Home / Uncategorized / Јове Кекновски: Во ВМРО се побунија амалите на туѓиот срам

Јове Кекновски: Во ВМРО се побунија амалите на туѓиот срам

Се пробудија и побунија амалите на туѓиот срам, вели Јове Кекеновски за денешното писмо од повеќе високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои побараа одложување на Конгресот.

-До вчера верните прислужници на Груевски конечно собраа храбрсот и почнаа да се сомневаат во демократскиот капацитет на партијата. А јас тоа го говорам повеќе години наназад. Откако видоа дека не се ,,повеќе во игра” сега бараат одлагање на Koнгресот, иако тоа е само вовед и почеток во дополнителното разнебитување на партијата. Таму внатре ,,допрва кучка ќе се кучи” и ,,ке играат сабји”. Им порачувам дека нерасчистените сметки кои секој ден се повеќе ке излегуваат во јавноста треба да ги расчистат надвор од партијата, вели Кекеновски за Фокус.

Тој додадава дека сите тие потписници на денешното писмо молчеле на Централниот комитет пред само една недела кога ФРОДЕМ побарал одложување на Конгресот за 60 дена, нови делегати, заедничко Координационо тело кое ке го припреми Конгресот и ќе управува со партијата до одржување на Конгресот и оставка на ЦК.

-Кај нив нема грам патриотизам зошто се заслепени од алчноста и од желбата за власт по било која цена спремни се да ја уништат партијата. Им порачувам што побрзо со нивниот довчерашен лидер да ја напуштат партијата засекогаш и истата да ја остават на чесните и неизвалкани личности да ја реформираат во најкраток можен рок, заклучува Кекеновски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*