Home / Uncategorized / ЈП “Стрежево“ подготвено е за скијачката сезона

ЈП “Стрежево“ подготвено е за скијачката сезона

Јавното претпријатие “Стрежево“ подготвено ја чека скијачката сезона во Ниже  Поле, по добивањето на дозволата за користење на  ски-патеките и мини ски лифтот за почетниците во скијањето и ратрактот за подготовка на ски патеките.

 

marjan 1

       директорот Марјан Ѓероски 

 

-Направено е проширување на ски патеките, а повеќе угостителски активности има и во чајџилницата. Цените за скијачите се доста пристапни. Дневната карта за возрасни изнесува 300 денари, за деца изнесува 200 денари. Сезонската карта за возрасни од друга страна изнесува 3 илјади денари, а за деца две илјади денари. Со овие скромни цени ќе ги покриеме основните трошоци- информираше, генералниот директор на ЈП “Стрежево“ , Марјан Ѓероски.

Наредната недела, јавното претпријатие ќе објави повик за изработка на физибилити студија, бидејќи според развојните планови на “Стрежево“ постои желба за проширување на ски -терените Ниже Поле кон теренот Орлови Бари што е дамнешна желба на битолчани.

 

 

Б.В.

Фото: С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*