Home / Култура / Калиопи го “обои“ Културното лето во Општина Карпош

Калиопи го “обои“ Културното лето во Општина Карпош

Со прекрасните звуци на „Црно и бело”, „Локомотива”, легендарната „Бато” и „ Обои ме…со сеќавања”, мегапопуларната македонска и балканска ѕвезда Калиопи викендов  го „обои” Карпош на самиот старт на годинашното, осмо по ред Културно лето “Карпош 2015“.

11885356_10152848691046706_4313638045696390674_n

Со триилјадна публика, главно жители на Општина Карпош но и многубројни „гости” од другите скопски општини, Градот и Републиката, плоштадот „Делфина” во Влае беше полн како „око” од љубителите на добра музика и на фантастичната изведба на еден од водечките македонски музички брендови.

11889645_10152848688141706_7372543952108104587_n

Големата културна манфестација која традиционално ја организира локалната самоуправа, ја прогласи за отворена првиот човек во Општината Стевчо Јакимовски кој ги најави претстојните двонеделни уметнички настани, со музика за сечиј вкус, со многу ликовна, театарска и филмска уметност.

11219630_10152848689426706_1846849555549085657_n
-Калиопи е наша карпошанка и мене ми е лично задоволство што во многу соседни држави не препознаваат токму по неа. Наша чест е да ја удостоиме токму таа да ја отвори оваа голема културна манифестација на Карпош, рече Јакимовски, кој нагласи дека Карпош има мноштво уметници кои имаат многу што да понудат од своето творештво и надвор од земјата.
Во прекрасната летна вечер, незаменливата Калиопи во пауза меѓу две песни ја разнежи публиката со своите романтични сеќавања за големата љубов што се родила меѓу неа и нејзиниот Ромео токму тука, во Карпош, на клупите, што е „животна приказна” и на многумина други млади.
Топло поздравена од секретарот на Општината Бојан Милошевски со букет бели рози, таа до полноќните часови остана со своите фанови да се дружи и да дели автограми.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*