Don't Miss
Home / Култура / Камерниот оркестар ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт

Камерниот оркестар ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт

Камерниот оркестар на Битола кој работи под покровителство на Битолскиот  Центар за култура, вечерва на матичната сцена ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт.

На програмата се дела од Шостакович, Штраус, Брамс и други светски познати композитори, солист е Игор Дурловски, а концертот ќе се одвива под палката на диригентот Иван Кожухаров од Бугарија.

– Камерниот оркестар на Битола годинава имаше исклучителни концерти, а вечерашниот е четврт по ред во оваа календарска година. Поддршката за овој проект е комбинирана, односно таа доаѓа од Министерство за култура, општина Битола и нашата национална установа. Веднаш по завршувањето на вечерашниот концерт, камерниот оркестар на Битола ќе ги почне подготовките за првиот концерт во 2015-та, информираше Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*