Home / Uncategorized / Ќатил ферман од Турција до Заев

Ќатил ферман од Турција до Заев

По минатогодишниот неуспешен обид за воен пуч, Турција уште лани од Македонија побара пресметка со фирми и поединци кои според турските служби биле блиски со „тероростичката организација ФЕТО” предводена од Фетулах Ѓулен, противникот на турскиот претседател Ердоган. Вчера турската амбасадорка во Македонија Тулин Еркал Кара изјави дека „училиштата, медиумите и фирмите на оваа терористичка организација сѐ уште се активни во Македонија”. Таа рече дека очекува во Македонија да бидат затворени сите институции поврзани со ФЕТО.

Турската државна агенција Агенција Анадолија (АА) уште лани објави дека организацијата ФЕТО своите активности во почетокот ги остварува на полето на образованието и за таа цел веќе се отворени 15 училишта во Босна, 12 во Албанија, 7 во Македонија, 5 во Косово и 1 во Србија.

Во неколку града во Македонија има фирми од образованието, транспортот, трговијата, здравството и туризмот кои се поврзани со ФЕТО, пишуваше агенцијата.

Први на листата, според агенцијата, се основните и средните училишта „Јахја Кемал“ во Скопје, Тетово, Гостивар, Струга и во Струмица. Тука е и неделникот „Заман Македонија“, а курсеви за турски јазик се организираат преку организацијата „Седеф“. Во областа на туризмот активна е агенцијата „Башак“, потоа компанијата за транспорт „Реинбоу“ и ланецот од маркети ЕВАР. Тие се наоѓаат во Скопје и се поврзани со организацијата ФЕТО, напиша АА.

Според Анадолија, еснафот и деловните луѓе на ФЕТО спроведуваат свои активности во организацијата „Здружение на бизнисмени“ (Makedonya İş Adamları Birliği – MİBA). Фондациите „Шафак“ (Şafak) и „Толеранс“ (Tolerans) се одговорни за работењето на студентските интернати во земјата, но се знае и дека организацијата има интернати во Скопје, како и во други градови низ земјата.

„Организацијата од своите први години од постоењето во Македонија собирала пари за зеќат (бериќет), за садака (пари за сиромашни) и за курбан (делење месо за сиромашните за време на празникот Курбан Бајрам) и со собраните пари отворила невладини организации и училилишта, со што придонесува за создавање забуна меѓу народот, бидејќи собира пари надвор од рамките на Исламската верска заедница“, пишува агенцијата Анадолија.

Од македонска страна никој не криеше дека Турција од Македонија побарала да преземе мерки против наводните соработници на движењето ФЕТО кое го сметаат за терористичка организација која стои зад неуспешниот воен преврат лани на 15 јули. Една година потоа, турската амбасадорка „со жалење“ констатира дека ништо не било сторено.

На 19 јуни Мевљут Чавушоглу, турскиот министер за надворешни работи имаше средби во Скопје со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев и со неговиот колега Никола Димитров. По ваквите остри забелешки на турската амбасадорка, може само да се претпостави што била целта на посетата на Чавушоглу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*