Home / Uncategorized / Катица Јанева бара продолжување на мандатот на СЈО

Катица Јанева бара продолжување на мандатот на СЈО

Првиот човек на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, на денешната пресконференција побара да се донесат соодветни решенија со цел обвинителството по истекот на мандатот во 2020 година да функционира во рамки на Основното јавно обвинителство за да гони корупција од висок профил.

-Законски мандат на СЈО не е изминат и затоа уверени сме дека ќе се преземат мерки за импелентација на стратегијата за реформи во правосудниот сектор и ова обвинителство ќе постапува согласно кривичниот закон и законот за кривична постапка во функција на остварувањето на мисијата за што е формирано ова обвинителство – рече Јанева, додавајќи дека СЈО ќе поднесе нови обвиненија до судот доколку и овозможат роковите.

Таа ја поздрави одлуката на апелацискиот суд прислушуваните разговори да се користат како докази во судски постапки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*