Home / Uncategorized / Казни за невакцинирани деца сместени во градинките

Казни за невакцинирани деца сместени во градинките

Државните здравствени и санитарни инспектори денеска повторно продолжуваат со контроли по градинките, по времената мерка забрана за прием на невакцинирани деца со МРП вакцина, информира директорката на инспекторатот, Ирина Бухова.

– Нашите инспектори се на терен откако започна забраната. Од денеска контролите продолжуваат и ќе траат се` додека е на сила решението за забрана за прием на невакцинирани деца – информира Бухова.

Како што истакна Бухова, ќе следат и парични казни доколку некое дете во градинката биде затекнато невакцинирано.

– Казната за правното лице се движи од 2.000 до 4.000 евра, а одговорното лице треба да плати 30 отсто од одредената сума за правното лице – вели директорката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!