Home / Политика / Ќе го воведиме проектот „Буџет на увид на граѓаните“

Ќе го воведиме проектот „Буџет на увид на граѓаните“

-Не така одамна бевме сведоци на најголемиот срам кој можи да го доживее еден град, а тоа е на неговиот прв човек, на градоначалникот, да му биди одреден домашен притвор. Прв пат во својата историја битолчани доживеаја еден градоначалник да им ја води Општината од дневната соба на својот стан.

И тогаш кога беше на слобода, градоначалникот Владимир Талески ги криеше информациите и од своите сограѓани, ама и од членовите на општинскиот Совет. Советниците ретко кога имаа можност да го видат Талески на седница, уште поретко можеа да го слушнат како им се обраќа од говорница, а никогаш пак не ги добија одговорите на прашањата кои му ги поставија. Во 12 години ниту советниците, уште помалку граѓаните, не го слушнаа својот градоначалник да каже каде завршуваат парите на даночните обврзници. 12 години трошењето на парите на граѓаните беше мистерија и табу тема. Такво нешто на Битола никогаш повеќе не смее да ѝ се случи.

Токму заради тоа, ние од ПОИНАКУ ќе го воведиме проектот „Буџет на увид на граѓаните“. Проектот подразбира изработка на посебна програма со која на граѓаните ќе им се овозможи да имаат увид во приливот и одливот на средства од жиро-сметките на локалната самоуправа, јавните претпријатија и на сите општински училишта и градинки. За реализација на овој проект не требаат многу пари. Треба само добра волја и желба на градските татковци, локалните институции да ги претворат во сервис на граѓаните, а нивната работа да биде ставена под лупата на јавноста.

Освен транспарентноста во трошењето на буџетските средства и подобрата информираност на граѓаните за трошењето на нивните пари, проектот ќе придонесе за поголема одговорност со управувањето на институциите од страна на одговорните лица, вклучително и новиот градоначалник.

Ете затоа проектот на ПОИНАКУ за „Буџет на увид на граѓаните“ е практичен и корисен од повеќе аспекти- изјави на прес-конференција Габриела Илиевска, носителка на независната кандидатска листа за советници во Советот на Општина Битола

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!