Home / Uncategorized / Ќе ја изградиме пругата за Грција

Ќе ја изградиме пругата за Грција

“Ветено а неисполнето” стана синоним за долгогодишното владеење на ДПМНЕ. Се што ветија не исполнија, а тоа што го реализираа заврши со многубројни финансиски малверзации.
Во сите изборни циклуси,почнувајќи од 2009-та година, главно ветување на ДПМНЕ и Талески беше реконструкција и изградба на пругата од Битола до Кременица, односно до македонско-грчката граница.

Во изминатиот период  успеаа да изградат само 1 километар од вкупно 17, а околу 70 фирми изведувачи кои работеле на пругата останале без ветените пари. Се работи за долг од околу 1 милион евра.

Имајќи во предвид тоа што во текот на 2014 та година се обезбедени 20 милиони евра преку ИПА фондовите и тоа што досега никој досега не сносил одговорност, ги прашуваме ДПМНЕ,каде се парите од овај проект?
Ова е начинот на кој 12 години тие функционираат, секогаш ставајќи ги сопствените интереси пред интересите на битолчани. Да, конечно некој ќе сноси одговорност!

Битола не смее веќе да биде заборавена!  Ние ветуваме дека во нашиот мандат пругата конечно ќе биде изградена, со што ќе се овозможи повторно воведување на патничкиот и товарниот сообраќај кон Грција, изјави кандидатот за советник од СДСМ и Коалицијата “За живот“, Методија  Илиевски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*