Don't Miss
Home / Uncategorized / Ќе се надмине хаосот во детските градинки

Ќе се надмине хаосот во детските градинки

Изминатите години бевме сведоци на хаосот што владее во детските градинки во Битола.

Лоши услови, недостаток на инвентар, недостаток на стручен и технички персонал, искршени и р́ѓосани санитарни чворови и неуредени дворови се наша реалност 13 години.

И за жал, 360 деца на листи на чекање за упис во градинки во Битола, а постоечките групи пренатрупани со огромен број на деца.

Но, за среќа, ерата на ВладимирТалески и на неговото ВМРО ДПМНЕ завршува.

Во последните четири месеци покажавме и докажавме дека можеме поинаку, да работиме чесно, домакински и во интерес на граѓаните.

Нашите најмлади заслужуваат подобри услови за воспитување, згрижување и социјализација.

Затоа, како локална самоуправа ќе преземеме конкретни мерки и активности за подобрување на квалитетот на живот на нашите најмлади.

– Конечно, ќе насочиме огромни средства во капитални инвестиции за изградба на нови и доградба на постоечките детски градинки во Битола, со што ќе се зголемат сместувачките капацитети во градинките.

– Ќе се санираат постојните инфраструктурни проблеми во постоечките градинки.

– Ќе се збогатат постојните детски градинки со надгледни помагала.

– Ќе се преземат сите неопходни мерки за подобрување на квалитетот на храна во градинките, со цел создавање на здрави навики за здрав живот.

– Ќе се уредат постојните дворови во градинките, ќе се зголемат зелените површини, а во месните заедници ќе се реновираат простори за дружење и игра на најмладите и највозрасните.

– Ќе се организираат едукативни работилници и проекти за развивање на еколошката свест од најмали години.

Почитувани граѓани, промените се случуваат секојдневно.

Затоа ве повикувам, на 15 октомври заедно да го потврдиме концептот за живот во Битола.

Нема ништо што е поважно од насмевките на нашите најмлади, нашите деца, нашта иднина.

Заокружете го бројот 19, живот во Битола за сите, истакна на прес конференцијата кандидатката за советничка Соња Карапец.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*