Home / Вести / Ќе се одржи ораторска вечер на Славјанскиот универзитет

Ќе се одржи ораторска вечер на Славјанскиот универзитет

„Беседништвото може со мудри мисли да го обземе духот, а со убави зборови да го помилува увото; да го крене срцето на народот, да ги отстрани сомнежите на судијата, да даде решавачки совети, да ги заштити невините, да им помогне на бессилните, да ги спаси потиштените, да ги ослободи прогонетите, да ги повика заблудените, да ги издигне слабите,да ги понижи дрските, да ги надвладее противниците, да ги придобие колебливите, да ги преобрази сомничавите, да ги затвори отпадниците, да ја поддржи правдата, да ја сруши неправдата и со истата сила да се брани и напаѓа”, рекол Цицерон.

Правниот факултет при Меѓународниот  “Славјански Универзитет “Г.Р.Державин” традиционално и оваа година организираше конкурс за учество во натпревар по ораторство и вештини за говорење.

Студентите се подготвуваа на историски, политички, правни, но и свои лични авторски говори. Финалниот ден на оваа манифестација ке се одржи  четврток на 19.04.2018 год. со почеток од 19.00 часот во амфитеатарот на МСУ “Г.Р.Державин” во Битола.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!