Home / Македонија / Кежаровски останува на слобода, Апелација ја одби жалбата на ОЈО

Кежаровски останува на слобода, Апелација ја одби жалбата на ОЈО

Апелациониот суд Скопје денеска ја потврди првичната одлука на Основниот суд Скопје 1, кој на 22 јануари годинава го пушти дома на условен отпуст новинарот Томислав Кежаровски.

Кежаровски беше пуштен на барање, всушност, на директорот на затворот во Шутка, поради влошено здравје.

Но, Обвинителството за организиран криминал, веднаш поднесе до Скопска апелација жалба на одлуката на Основниот суд Скопје 1.
До денеска, беше неизвесно дали Кежаровски ќе се врати повторно во затвор, да ги одлежи преостанатите три месеци од затворската казна, која изнесува вкупно две години и три месеци.

 

Кежаровски е осуден дека во своите истражувачки текстови за убиството во Ореше, каде патем пишуваше и за аномалиите на полициско-истражните институции поврзани со овој случај, открил идентитет на заштитен сведок.

 

Подоцна се докажа дека тој сведок бил лажен, но и покрај тоа, Кежаровски беше две години во притвор и на крајот осуден.

 

Извор:  Вест

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*