Home / Вести / Кирацовски: Имаме над 80 гласови

Кирацовски: Имаме над 80 гласови

Пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ денеска изјави дека „убедиле доволен број пратеници за бенефитите од членството во ЕУ и во НАТО“ и очекува уставните измени да бидат изгласани најдоцна до петок.

-Имам информации дека минимум 80 пратеници, впрочем и нешто над 80 пратеници, се уверија дека иднината на РМ е единствено во НАТО и ЕУ, а тоа е условено со Преспанскиот договор и уставните измени, што треба да се случат најдоцна до петок неделава – рече Кирацоски.

Денеска во 16.00 треба да започне собраниската седница на која ќе се гласа за измените во уставот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!