Don't Miss
Home / Вести / Клековски: Го решаваме проблемот со недостиг од човечки ресурси во болниците

Клековски: Го решаваме проблемот со недостиг од човечки ресурси во болниците

Го решаваме проблемот со недостигот од човечки ресурси во болниците, изјави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување, посакувајќи успех на 34 специјализанти, кои денеска во Битола полагаа тест за вработување во Клиничка болница-Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево.

Според Клековски, со денешната активност на долг рок се очекува покривање на специјалност кои недостигаат во здравствените установи во југозападниот регион на државата.

Денешната активност е почеток и придонес за решавање на недостигот од човечки ресурси во болниците во овој дел од земјата и се надеваме дека ќе продолжиме со следната група специјализанти. Знаеме дека најголем дел од болниците во овој регион функционираат со намален број на лекари и ова е првиот чекор за решавање на проблемот. На долг рок очекуваме покривање на дел од специјалности кои ги нема затоа што во моментов нема доволно специјалисти. Со новите ресурси ќе се зголеми бројот во оддели каде што состојбата е критична во однос на потребни специјалисти за задржување на дејноста-истакна Клековски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*