Home / Вести / Која држава денеска ја славеше независноста

Која држава денеска ја славеше независноста

                По референдумското „ДА“, на 8 Септември 1991 година со гласот на народот, се роди независна, самостојна и суверена држава во која што денес живееме.

По тој повод, пред Споменикот на револуцијата кај Центарот за култура во Битола, свежо цвеќе положија градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, претставници на Сојузот на борците и претставници на политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Вековни битки, размисли, идеали, стремежи… Генерации се вложувале во слободата и независноста во која денес живееме. Нека нашите денешни дела се достојни на сета таа големина.

ДА НИ Е ВЕЧНА НЕЗАВИСНОСТА!

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК!“, рече градоначалничката Петровска.

Ова е официјаното соопштение кое го добивме од Одделението за односисо јавност на Општина Битола по повод одбележувањето на 8 септември, денот на независноста( на Македонија)

Во него воопшто ни на едно место не се спомнува зборот Македонија.

Општинските служби за односи со јавноста во соопштението за јавноста велат дека на 8 септември 1991 година се роди независна, самостојна и суверена држава во која што денес живееме!

Ни збор нема за тоа која држава на 8 септември 1991 година се роди, ни која државата денеска слави.

Вакво понижување не само што не заслужуваат граѓаните на Македонија, туку ни најлојалните и најтврдокорни членови и симпатизери на СДСМ, а особено револуционерите кои со своите животи се вградија во темелите на Македонијапред чиј споменик денеска се полагаа букети цвекиња.

Со ваков начин на“ штитење“ на суверентитетот на државата, не само што се фрла пепел на темелите на македонската држава, туку не се чува ни суверенитетот на Република Северна Македонија .

Навистина со вакво соопштение, во кое воопшто не се споменува името на (Република )(Северна) Македонија најдобро ќе беше воопшто денеска да не се празнуваше 8 септември.

На тој начин барем немаше до таа мера да се девалвираме и понижуваме. Од вакви безимени и безлични прослави никој нема ќар, па дури ни тие кои денеска се обидоа да ја избришат историјата на Македонија.

Вакви поданички пораки не би испратиле денеска ни најголемите Грци.

Затоа крајно е време да не се правиме поголеми Грци и од Грците и до таа мера да се понижуваме да не го спомнуваме ни името Македонија.

Ако со Преспанскиот договор го избришавме зборот Република(Македонија), не мора да го бришиме дури и името Македонија.

Тоа убеден сум дека не го бараа ни ги посакуваа ни најекстремните Грци.

Б.В

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*